Дневникот на Михајло Тодоровски

Здраво на сите, повторно јас!

Третиот месец од праксата помина најдобро до сега. Предизвиците стануваа се позабавни, но можам да кажам и поозбилни. За прв пат се сретнав со процесот на CI/CD. Се запознав со алатките TeamCity и Octopus Deploy, и за прв пат имав прилика да ги користам и на нив успешно да извршам некои процеси. Олеснителна околност беа колегите кои несебично ми помогнаа во тој процес. Претходното знаење од другите месеци секако помогна тоа се да биде успешно. Користењето на Powershell беше од големо значење.

Времето кое помина беше поприлично ефективно, корисно и едукативно. Третиот месец заврши, а најмногу ми е мило што нашата соработка ќе трае и понатаму.

Поздрав!