Leona Naumoska

Дневникот на Леона Наумоска

Здраво на сите!! 

Овој дневник и месец се последните од мојата пракса, и едвај чекам да одговорам на следните предизвици.

Месецов работев на фронтенд делот во React.js на апликацијата за резервации на места, како и спојување на фронтенд и бекенд. Можам да кажам дека голем предизвик ми беше да го изработам фронтенд-от и да научам за нови библиотеки кои можат да се користат во тој дел. Преку самиот процес на спојување на двата дела се стекнав со знаење и разбирање за тоа како се одвива комуникацијата помеѓу нив.

Мило ми е што кариерата ќе ја продолжам тука, а чест ми е да работам со луѓе кои несебично го споделуваат своето знаење.