Здраво на сите, се враќаме пак!
Вториот месец помина одлично. Имав голем број предизвици кои ги завршив успешно. Највозбудлив дел беше пишувањето на Powershell скриптата, која сѐ уште е во фаза на тестирање. Процесот не беше воопшто едноставен, но со помош на мојата менторка ги постигнавме посакуваните резултати.
Пишувањето на скриптата многу ми помогна да го изучам S3 сервисот на AWS кој правеше проблем при извршување на истата. Имав прилика да користам Linux и да видам како се користи и конфигурира една EC2 инстанца.
Процесот беше сложен и полн со предизвици, но мојата менторка несебично ми помагаше и не ми остана должна на ниту едно прашање.
Поздрав!
