Leona Naumoska

Дневникот на Леона Наумоска

Здраво на сите! Еве ме пак и овој месец, и можам да кажам дека вториов месец беше многу поинтересен од  претходниот. Поточно, имав можност да го применам наученото преку изработка на апликација за резервации на места.

Најпрво започнав со изработка на бекенд делот, а секако тоа беше од дизајнот на базата на податоци. По изработувањето на класниот дијаграм, преминав во имплементација на решението во код. Бекенд делот го изработував во .NET Core 6 и MSSQL SERVER како база за податоци.

За време на имплементацијата на оваа мини апликација, мојот ментор Сара беше тука за да одговори на сите мои прашања и дилеми кои ги имав, како и да ми даде насоки и најдобри практики при кодирање.

И секако да не заборавам да спомнам, атмосферата е топ, пријатна и позитивна за работа и за дружба.

Толку од мене за сега. Се гледаме нареден месец!