Дневникот на Михајло Тодоровски

Здраво на сите! Јас сум Михајло Тодоровски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје и практикант во Иборн.

Почетокот на праксата беше поприлично корисен, почнав темелно да ги изучувам клауд сервисите како „Microsoft Azure“ и „AWS“, но воедно и како да пишувам и креирам PowerShell скрипти, како и системот за верзиски контроли Git.

Тестирав и конфигурирав неколку работни машини кои ќе бидат спремни за користење и работење на нив. Имав прилика да се соочам со реални проблеми на мрежната опрема, односно како да ги решам и повторно се да работи во ред со помош на мојот ментор Оливера.

Покрај технологиите и техничките делови, имав шанса да запознаам колеги кои се одлични професионалци, но и прекрасни луѓе.

Преубаво искуство, но и одличен почеток беше предновогодишната забава каде што можев да видам дека и одличните професионалци знаат да се забавуваат исто толку добро како што си ја работат нивната работа.