Leona Naumoska

Дневникот на Леона Наумоска

Здраво на сите! Јас сум Леона Наумоска, тазе дипломиран инженер на ФИНКИ и моментално практикант тука во ИБОРН. Како млад инженер имам голем ентузијазам да ги проширам знаењата и вештините во областа на развојот на разни софтверски решенија и апликации. Поради оваа желба решив да аплицирам во ИБОРН и тука да ми започне новото кариерно поле.

Почетокот на праксата ми започна со запознавање на Redmine и Git branching моделот. Потоа започнав со изучување на фронт-енд библиотеката React која е многу популарна кај програмерите ширум светов. Покрај фронт-енд делот, имав можност да ги зацрвстам знаењата и во бекенд. Поточно, се запознав со Minimal API Development во .NET Core. Можам да кажам дека изучувањето на фронт-енд делот ми беше голем предизвик, кој мислам дека добро го совладав како почетник.

Покрај учењето на техничките работи, се запознав со прекрасни луѓе кои знаат и умеат работната атмосфера да ја направат пријатна и топла за работа. Секако и предновогодишните активности и дружби, придонесоа одблиску да ги запознаам колегите и нивната дружељубивост.

Толку од мене засега, се слушаме во наредна прилика! 😀