Aleksandar Velickovikj

Дневникот на Александар

Здраво, повторно јас, но овој пат со update за вториот месец од мојата пракса во IBORN!

Во текот на овој месец целосно завршив со курсевите и добив можност практично да го применам знаењето кое го добив во првиот месец. Започнав со работа на проектот Мission Debrief System. Проектот претставува систем за анкети кој би помогнал во performance review на вработените.

Откако се запознав со проектот, го искористив СБЕ пристапот и со помош на Gherkin јазикот ги дефинирав потребните кориснички сценарија. По завршување со СБЕ-то продолжив со дизајн на базата на податоци и го креирав ЕР-дијаграмот. Последните денови од месецот го започнав потребното истражување за потребните екстерни APIs.

Месецов беше доста поинтересен од првиот бидејќи беше hands-on experience, се дискутираа можни решенија, нивни предности и недостатоци и ми помогна не само да го зацврстам знаењето добиено во првиот месец туку и да го проширам.

И да не заборавам, атмосферата во IBORN, непроменета, позитивна како и секогаш.

Се гледаме следен месец!