Здраво на сите, повторно Александар со третиот и последен дневник!
Овој месец беше последниот од мојата пракса во IBORN, за мене најинтересен.
Продолжив со работа на Mission Debrief системот, каде што добив увид како е во реалниот свет кога се работи на веќе постоечки проект и кои се предизвиците со кои може да се соочиме при интеграција на системот со екстерни APIs. Одличната комуникација со менторот ми помогна да ги надминам неколкуте проблеми со кои се соочив во текот на изработката на проектот и ми помогна да го подобрам пристапот при решавање на проблеми со кои би се соочил во понатамошната кариера.
На проектот практично го применив и проширив знаењето што го добив за време на првиот месец од праксата и ги искористив технологиите Entity Framework Core, .NET Core, Microsoft SQL и Angular кои беа сосема нови за мене на почетокот.
Иако завршува третиот месец од праксата, мило ми е што нашата соработка продолжува и се надевам дека ќе растеме заедно.
