Здраво на сите!
Го привршувам третиот месец пракса во IBORN – за мене највозбудливиот. Ја завршив демо апликацијата (KIDZ) и имав можност да ја презентирам пред целата компанија на мојот прв YAKSS.
Следните предизвици беа кампањите за социјалните медиуми и годишнините во IBORN заедно со Софи и Кика од PeopleOps. Работев на графички решенија за таа цел.
Особена чест и задоволство ми причинува што ќе ја продолжам кариерата во IBORN, со нетрпение ги очекувам новите предизвици како дел од UI/UX тимот.
Му благодарам на мојот ментор Мики, UI/UX тимот и сите кои сте дел од ова патување.
Поздрав,
Владо
