Aleksandar Velickovikj

Дневникот на Александар

Здраво на сите! 

Јас сум Александар, студент на ФИНКИ. Од минатиот месец сум дел од практикантската програма за развој на софтвер во IBORN, каде што добив можност да го надоградам своето знаење и да се запознаам со нови технологии.

Во текот на првата недела се запознав со системот за менаџирање на проекти Redmine. Следуваше Git, што дополнително го зацврсти претходното знаење кое го имав за aлатката, запознавање со Git Branching моделот кој се користи во IBORN, TortoiseGit и BitBucket. Потоа се запознав и со SBE пристапот за дефинирање софтверски барања. На крајот од неделата ја добив мојата прва задача – анализа на кориснички сценарија и креирање на моето прво SBE со помош на Gherkin јазикот.

Останатиот дел од месецот слушав курсеви за SQL, Entity Framework, .NET и .NET Core framework-от, со кој се запознав за првпат.

Во последниот дел од месецот за првпат се запознав и со Angular – modern day front-end framework. Иако не присуствував физички за време на првиот месец, бев дел од неделните онлајн состаноци и впечаток ми остави позитивната енергија која секогаш остана присутна – од моето првото интервју, па сѐ до секој нареден состанок од кој бев дел.

До следниот update!