Здраво. Завршува третиот месец од мојата пракса, па ќе го споделам моето искуство за овој месец.
Познато е дека работам на веб страната на iborn.net и дека процесот е долг. Со тимот продолживме да развиваме идеи, а high fidelity wireframes да ги преточуваме во мокапи. Wireframe е шема што помага да се пренесе структурата на апликација или вебстрана, а мокап е висок приказ на дизајнот кој покажува како ќе изгледа готовиот производ.
Компонентите се многу важен дел од процесот. Во Figma, работата може да се изврши многу полесно и поконзистентно со помош на компоненти.
Чест и задоволство ми е што сум дел од оваа компанија, која ми овозможува да растам во работата што ја сакам. Мотивацијата да развивам прекрасни идеи и понатаму е голема. Среќна сум што сум меѓу прекрасни луѓе и прекрасна работна атмосфера.
