Nevenka

Дневникот на Невенка Максимова

Здраво на сите, овде Невенка! Заврши и третиот месец од мојата пракса во IBORN, па ви пишувам за да го споделам моето искуство.

Овој месец продолжив со работа на проектот од претходниот месец, како и започнав нов проект кој се однесуваше на податоци за посетеноста на веб страната на IBORN. Имав задача да ги повлечам податоците, да ги структурирам и зачувам во база, да ја проверам нивната точност и валидност и за крај од истите да направам репорти кои би им биле од корист на маркетинг тимот.

Изминатите три месеци беа исполнети со многу нови знаења, прекрасна соработка со менторите, пријатна атмосфера во канцелариите како и многу дружба со колегите. Среќна сум што имам можност мојата кариера да ја започнам овде и веќе се чуствувам како вистински Ајборнец!