Здраво дечки – Антонија повторно, за трет и последен пат!
Тука сум да ви раскажам за мојот последен месец од практиканската авантура во iborn, за која сум среќна да кажам дека заврши со станување на официјален Aјборнец, односно со успешно вработување!
Морам да признаам дека овој месец беше најинтересниот дел од мојата авантура како практикант, бидејќи конечно можев да ги искусам реалните проблеми кои што можам да наидам во мојата кариера, меѓутоа тие беа решени со помош на менторите, кои беа тука за мене во било кое време. Во кратки црти овој месец работев на проект којшто требаше да спореди колку навистина логирани саати има еден вработен со тоа колку би требало да има истиот вработен, со исклучување на деновите кога тој бил на одмор.
Тука се сретнав со целиот процес на работа со ново API, креирање на нови бази, филтрирање на податоците и бришење на непотребни информации и конечно креирање на самиот извештај и креирање на што е можно поинтуитивен изглед на истиот.
Како и секогаш, морам да се навратам на атмосферата во канцелариите, која и овој месец остана иста, ако не и подобра. Би сакала да се заблагодарам на сите колеги кои што навистина ми го подобрија моето искуство во iborn и се надевам уште многу долга соработка и дружба со истите.
Благодарам и до тие кои што ја читаа мојата авантура и сe читаме во некоја друга прилика! 🙂
