Vedra at IBORN

Дневникот на Ведра

Здраво на сите!

Јас сум Ведра, студент на ПМФ и дел од практикантската програма на Software Development во IBORN.

Многу сум среќна што ја добив оваа шанса да го надградам своето знаење во областа која најмногу ме интересира, токму во IBORN. Првите денови од мојата пракса ми поминаа запознавајќи се со Redmine, повторување и зацврстување на концептите на Git, како и запознавање на Git-branching моделот кој се користи во IBORN. Дополнително, се запознав со TortoiseGit и Bitbucket. Се запознав и со SBE, при што ми беше зададена и првата задача – анализа и креација на моето прво SBE.

Во текот на преостанатите недели слушав курсеви по SQL, Entity Framework, .NET и .NET Core, кои ми помогнаа да го усовршам моето досегашно познавање во овие технологии. Освен тоа, за првпат се запознав и со Angular – framework за креирање на modern day front-end web апликации.

Морам да признаам дека за толку малку време, моето знаење skyrocket-на во голема мера. А, освен тоа, сакам да кажам нешто и за самата атмосфера која владее во IBORN, иако за време на првиот месец немав прилика да присуствувам физички, почетокот на мојот втор месец надокнади за тоа. Пријатната работна атмосфера како и позитивната енергија, ме прави да се чувствувам добредојдена и уште повеќе мотивирана.

Толку од мене за сега, па се слушаме следен месец со нови предизвици. Bye! 🙂