Elena Petrovska at our offices

Дневникот на Елена

Здраво повторно. Вториот месец во IBORN помина брзо, а всушност кога ќе погледнам зад себе, можам да ја воочам разликата и растот кој ми го нуди оваа компанија.

Како што спомнав минатиот пат, работам на проект. Се однесува нов дизајн на веб страната iborn.net. Процесот е долг и специфичен. Со помош на тимот во кој што сум, направивме детални анализи и истражувања, интервјуа, персони. Направена е архитектура, која е многу важен сегмент за изработка на дизајни.

Врз основа на сите овие елементи погоре, започнавме со изработка на wireframes, потоа high fidelity wireframes.

Учам од работа и низ практични примери. Искуството е прекрасно, а работата продолжува да тече и понатаму.