Petar Tushev

Дневникот на Петар

Здраво, ова е мојот трет и последен дневник од мојата пракса во Ајборн!

Во текот на овој месец, продолжив со моделирање користејќи длабоки мрежи, и трансформер базирани модели. Поконкретно, користев, експериментирав и истражував длабоки мрежи со различни архитектури за временски серии кои користат Long-Short Term Memory слоеви, како и двонасочни LSTM слоеви. Од трансформер базираните модели, користев Temporal Fusion Transformer кој е state-of-the-art за временски серии.

Покрај претходно наведниот, почнав со изучување на PyTorch библиотеката за вештачка интелигенција од FaceBook, во обид да напишам custom трансформер базиран модел.

По сето ова, имав за задача да ги сумаризирам резултатите од сите модели и да ги споредам. По потреба, требаше и да повторам некој експеримент. При извршувањето на оваа задача, дојдов до една многу важна констатација, а тоа е дека експериментите, а и резултатите, треба да бидат репродусабилни. 🙂

Како за крај на овој дневник, би сакал да кажам дека доста научив. Имав одлична прилика овде во Ајборн да соработувам со поискусни колеги, и би сакал да им се заблагодарам за вниманието.

Особено сум среќен што имам можност овде да продолжам, како мое прво работно место.

Поздрав, и се слушаме во друга прилика!