Urim Aliji

Дневникот на Урим Алији

Здраво, повторно јас! Ова е мојот трет и последен пат, со тоа што третиот месец го означи крајот на мојата пракса и почетокот на работна позиција во истиот оддел. Така што, ова е некој вид на практиканстко довидување, со надеж дека транзицијата во работна позиција ќе ги содржи истите предизвици што досега ги имав од самата праксата.

За време на третиот месец од практикантството работев на усовршување на проектите и задачите од вториот месец. Со помош на моите соработници, верувам дека трудот и фокусот на овие проекти е вреден и значаен, а воедно и дека успеавме да создадеме нешто со што може да се гордееме. Мора да се повтори тоа што е досега кажано претходните два пати, дека иако работата е важна и вредна, за мене лично делот кој е необјасниво важен се самите луѓе и средина на практиканството, без кои работата би била само должност наместо значајно и неповторливо искуство.

И претпоставувам дека тоа е тоа. Се извинувам што немам повеќе да кажам, но се надевам дека кажав доволно. Се заблагодарувам на iborn за оваа можност и се надевам дека понатамошни практиканти ќе го доживеат истото искуство. Исто така, се заблагодарувам на мојот ментор и соработници, како и сите останати кои придонесуваат на самото искуство. Јас сум Урим и мило ми беше што ја имав можноста да го споделам моето искуство. Благодарам и пријатно.