Здраво на сите!
Јас сум Марија Тошевска, студентка во завршна фаза на ФИНКИ, насока SEIS. Се радувам што имав прилика да станам дел од тимот на Iborn и мојата Ibornship приказна започна во август 2022. Во последната година од моите студии пројавив посебен интерес за областа софтверски квалитет и тестирање. Покрај основните знаења со кои се здобив на факултет, имам кратко искуство со тестирање на реален проект како дел од мојата претходна пракса, но со тогашен фокус на рачно тестирање. Сега фокусот ми преминува на автоматско тестирање, за што обуката во првиот месец во Iborn ми даде многу солидна база.
За почеток, се запознав со Redmine, Git Branching Model, BDD и Specification by example. Потоа ми беше доделен првиот SBE Assignment, каде што имав задача да направам преглед, корекција и додавање на сценарија во согласност со бизнис барањата и правилната употреба на Gherkin и Cucumber.
Во следнот дел од мојата пракса слушав воведни и напредни курсеви за бази на податоци, Cypress и API testing with Postman. Cypress би го издвоила како омилен дел од мојот прв месец и со возбуда чекам да го применам моето досегашно знаење на реални проекти.
Културата на Iborn е исто така нешто што ми остави посебен впечаток. Многу топло добредојде, опуштената атмосфера за работа и дружење се само дел од моите позитивни искуства во Iborn. Во овој контекст, би сакала многу да му се заблагодарам и да го пофалам мојот ментор Стефан за убавата соработка.
