Помина и последниот, трети месец од мојата пракса во iborn.
Овој месец продолживме со тренирање на модели, различни од оние кои ги трениравме минатиот месец. Тренирав Holt Winters модели за месечно и неделно ниво на податоци за различни хотели, се запознав со и имплементирав GRU recurrent neural network модели.
Потоа продолжив со имплементација на Sequential модели со Bidirectional LTSM и GRU слоеви. При имплементацијата на моделите ги обработувавме податоците на различни начини, соодветни за моделот кој се тестира. На крајот од праксата го истражував и имплементирав TFT моделот и ги споредував перформансите добиени при тестирањето на различните модели.
Како заклучок од праксата можам да кажам навистина ми се допаѓаше атмосферата која владее во iborn. Запознав многу прекрасни луѓе и научив многу интересни работи кои ќе ги применувам во наредните предизвици.
