Nevenka

Дневникот на Невенка Максимова

Здраво, Невенка овде! 

Заврши вториот месец од мојата пракса во IBORN. Овој месец започнавме со практична работа. Работевме со Apache Airflow и PostgreSQL. Тасковите кои ми беа зададени се однесуваа на реални податоци и проблеми, па така имав можност од прво лице да се запознам со начинот на работа.

Моите ментори беа секогаш отворени за одговарање на прашања и постојано ме насочуваа кон пронаоѓање на подобри решенија како и стекнување на добри работни навки. Одличната комуникација допридонесе за да се чуствувам како дел од тимот.

Како и минатиот месец, и овој исто така беше исполнет со дружење и активности после работно време. Толку од мене, се читаме следниод месец!