Здраво здраво, повторно Антонија, овој пат со вториот месец од тековната авантура во Iborn. Минатиот месец се фокусиравме повеќе на туторијали, додека овој месец фокусот беше ставен повеќе на практична работа.
На почетокот на месецот се запознавме со што е тоа Airflow, работа со DAG-ови и зошто тие се корисни. Откако завршивме со тоа ни беше дадена практична задача каде што требаше да го подобриме логирањето на времиња во базата на податоци на iborn и намалување на неконзистентности. Овој дел од праксата ми помогна да го ставам знаењето за бази што веќе го имав во малце попрактично светло.
Откако успешно завршивме со овој дел, следната задача ни беше да поставиме различни валидации во веќе постоечките дагови за експортирање на податоци од Redmine, односно да се прави проверка за точно внесување на податоците. Последната задача за овој месец ни беше да ги автоматизираме даговите, поточно да не мора рачно тригерирање на истите, туку да има некаков ред на извршување и да се прави извршување на даговите според внесен датум. Мислам дека ова ми беше најинтересниот дел од целиот месец, бидејќи можеше веднаш да се види резултатот од тестирањата што ги правевме, и навистина моравме да размислиме како би се внесувале датуми и како тие датуми би се процесирале.
За крај морам повторно да ставам акцент на атмосферата во канцелариите, која што повторно и не изненадувачки беше прекрасна и пријателски настроена.
Тоа е се за сега, и се гледаме следен месец!
