Здраво на сите,
Јас сум Владо Србиноски, UX/UI практикант, не толку одамна визуелен артист во областа на филмската уметност и графички дизајнер.
Целото мое изминато искуство и интересот да решавам проблеми од витално значење за луѓето ме донесоа во право време и на право место, во IBORN.
Од првиот ден се почуствував добредојден во компанијата и благодарен сум им на колегите за тоа чуство кое трае.Во првата недела се запознав со алатките и начинот на работа во IBORN. Активно ја изучувам алатката Figma која е интегрален дел на UX/UI тимот. Во моментов работам на интерен проект и демо апликација која во периодот кој претстои ќе имам можност да ја презентирам пред целата компанија. Овие проекти ми ја даваат самодовербата за предизвиците кои претстојат на овој пат.
Особено ми се интересни тимските состаноци на кои дискутираме за решенија и состаноците на ниво на цела компанија на кои се презентираат помали и поголеми победи и проблеми со кои се соочуваат тимовите за да стигнат до нив.
Се читаме во некоја наредна прилика, дотогаш, топол поздрав,
Владо
