Ana Marija - Our machine learning intern

Дневникот на Ана Марија Атанасовска

Здраво за вторпат!

Минатиот месец зборував за искуството кое го имав во првиот месец од праксата. Сега веќе помина и вториот месец во којшто се сретнавме со нови предизвици и задачи.

Овој месец започна со onboarding на проект за предвидување на хотелска зафатеност. Го разгледавме кодот, дадовме наши забелешки и ни беше дадено задолжение да учествуваме во refactoring на една од скриптите кои што го сочинуваа проектот.

Тоа главно беше onboarding делот. По овој дел започнавме со тренирање на различни модели за предвидување на идна хотелска зафатеност. Истрениравме различни модели, како моделите ARIMA, SARIMAX за различни хотели, читавме трудови кои ни помогнаа околу разбирање на овие модели и параметрите кои ги содржат. Дополнително, продолживме со анализа на податоците, која беше неопходна за да се имплементираат моделите.

Тоа беше тоа за овој месец, се гледаме наредниот со нови искуства!