Elena Petrovska at our offices

Дневникот на Елена

Здраво на сите, јас сум Елена и студирам на ФИНКИ. Дел сум од практикантска програма UX/UI во IBORN.

Чест и задоволство ми е што сум дел од оваа компанија во која владее позитивна енергија и има прекрасна работна атмосфера.

Би сакала со вас да го споделам моето искуство за изминатиот месец. Ова е мое прво работно искуство, а првите денови од праксата ми поминаа во запознавање со Redmine.

Преку следење на курс за Figma, се здобив со нови знаења. Добив можност да учествувам во изработка на интерен проект, кој ќе ми биде патоказ за тоа како треба да пловам низ водите на UX и одлично да го совладам целиот процес.

Голема улога има UX/UI ТИМОТ во кој што сум! Без разлика што не работиме на исти проекти, секогаш вратите се отворени за консултација или колегијална помош. Од сето ова може да се заклучи дека секој тековен дневен проблем, на крајот на работниот ден завршува со позитивно решение.