Petar Tushev

Дневникот на Петар

Здраво на сите! Jас сум Петар, студент сум на ФИНКИ во четвртата година од моите студии на насоката СИИС.

Студирајќи почнав да се интересирам за работа со податоци, со што аплицирав на огласот за практикант по data science во iborn. Во почетокот на праксата, се запознавме со компанијата и нејзината култура, како и нашите одговорности како практиканти.

Во текот на првиот месец акцентот беше ставен на запознавање со tech stackот со кој ќе работиме. Учевме алатки како Redmine за менаџирање на проекти, git за дистрибуирано верзионирање на код, dvc или data-version-control за верзионирање на податоци, како и алатки за менаџирање на end-to-end на ML животниот циклус како mlflow. Покрај ова, собиравме и документиравме артикли, статии, референци од книги и слична литература за работа и моделирање на временски серии.

Од досегашното искуство во iborn, како впечаток ми има останато дека останатите колеги се секогаш тука и се достапни доколку имам прашања или нејаснотии околу работните задачи.