Здраво на сите!
Јас сум Антонија Велкоска, студент на ФИНКИ, насока КНИ. Овде сум да ви раскажам за мојата авантура во iborn како BI практикантка, која што започна во јули, 2022.
Мојата прва недела започна со запознавање на системот за менаџирање на проекти Redmine. Потоа следуваше повторување на концептите околу Git што понатаму го зацврстија моето претходно знаење за истото и запознавање на Git Branching-от кој што се користи во iborn. Тука се запознав и со TortoiseGit и платформата BitBucket. На крајот на првата недела бев и запознаена со тоа што е SBE и ми беше дадена мојата прва задача, а тоа е да направам анализа на корисничко сценарио и да го направам мојот прв SBE.
Втората недела ми помина во слушање на курсеви за SQL каде што успеав се она што го имав учено претходно да го видам подобро низ практични примери со работа на реална база на податоци. Се запознав и со PostgreSQL и малку понапредни концепти за бази на податоци.
И со тоа стигнавме до најинтересниот дел, односно запознавање со платформата PowerBI во трета недела. Ова го направив со помош на многу интересен курс каде беа опфатени сите основи за работа со податоци, односно прочистување на истите, креирање на FACT и DIM табели и потоа со тоа исчистено податочно множество креирање на различни извештаи, што ќе ми бидат многу од помош при понатамошната работа.
Со тоа стигнуваме на крајот од првиот месец на мојата пракса, односно четвртата недела. Тука ми беше дадено податочно множество кое што требаше јас да одлучам како да го прочистам и истото да го искористам за да извлечам колку што е можно повеќе информации за што еден клиент би сакал од истото. Беше многу интересно да се ставам себеси на местото на еден клиент, и да размислам што јас би сакала од еден ваков извештај. На крајот од оваа задача, извештаите што ги добив ги презентирав пред целиот BI тим каде што добив одлични совети за мојата понатамошна работа. Многу сум благодарна за пружената шанса да го надоградам моето знаење, особено бидејќи не бев единствена практикантка, што ми беше од огромна помош.
Меѓутоа, не беше сè работа, и морам да спомнам за атмосферата која што владее во канцелариите на iBorn. Уште првиот ден бев пречекана од топли насмевки и добредојде од страна на сите колеги, кои што никогаш не ме направија да се почувствувам како да не припаѓам. Се ова ме прави да сум мотивирана да се покажам како одличен додаток на тимот.
Толку од мене за сега. See you next time 🙂
