Здраво, јас сум Урим Алији, но сите ме викаат Урим. Јас сум моментално во мојот краен циклус на студии на ФИНКИ, под смер КНИА. Од сите полиња, најмногу сум заинтересиран за машинско учење, но имам интерес за повеќе насоки, како бази на податоци, развој на веб апликации и роботика, меѓу другите. По потекло сум од Куманово, но престојувам во Скопје.
Голем дел од моето практиканство во iborn до сега се состои од работење со Bitbucket, што ми помага со верзионарање на код, како и DVC за верзионирање на податочни множества. Истовремено, за време на моето практиканство добивме ресурси за учење на теоретски и практични имплементации на модели за машинско учење. Ресурси како книги, курсеви, примери од скрипти со код, итн.
Меѓутоа, од сите можни ресурси кои се од неверојатна помош во разбирање и имплементирање на овие концепти, заедно со надминување на сите пречки вон процесот на учење, најважниот ресурс за било кој практикант е нивниот ментор, кој во мојот случај, ми помогна до огромен степен со техничкиот контекст на моето прилагодување и културолошкиот контекст на прилагодување во нова компанија како iborn, која до сега ми има оставено само добри впечатоци.
Со тоа на ум, јас и останатите практиканти од МЛ одделот штотуку почнавме со анализирање на податоците за хотели во Исланд со целта да имплементирање модели од машинско учење за occupancy prediction. Со тоа, ригорозно пробуваме да ги тестираме, надградиме и подобриме моделите во текот на нашето работење на овој проект.
Но, техничкиот дел на страна, морам да прифатам дека чувството на работење во iborn е тоа на работење во безбедна и амбициозна компанија која во секојдневието докажува дека е можно да се работи во атмосфера која не мора да е фундаментално опкружена со непријатност или пак досада, и всушност, дека таа атмосфера може да е пријателска, пријатна, значајна, забавна и полна со почит.
