Ana Marija - Our machine learning intern

Дневникот на Ана Марија Атанасовска

Здраво!

Јас сум Ана Марија Атанасовска, студент на ФИНКИ кој ќе започне со 3тата година на студии на смерот компјутерски науки. Со праксата во iborn започнав во месецот јуни оваа година.

Областите на машинско учење и наука на податоци за мене делуваа многу интересно, па за да ги изучам подлабоко решив да се пријавам на праксата понудена од iborn токму во овие области.

Вовед во праксата беше запознавањето со Redmine и Git, а веднаш потоа продолживме со читање на различна литература предложена од менторот Горјан, кој го следеше нашиот напредок и вложуваше во истиот во текот на целиот месец. Литературата опфаќаше вовед во употреба на Python за обработка на податоци и вовед во deep learning. За да се запознаам со основите на бази на податоци и SQL разгледав и курс на темата. Навистина ми се допадна што iborn обезбедува огромен број на ресурси за да се стекне знаење, па на тој начин напредокот е загарантиран, сè што треба е желба за истиот.

Следна задача беше да се изврши exploratory data analysis (EDA) на податочно множество по избор, па направив истражување како би требало да изгледа една EDA, разгледав и еден курс кој ми помогна да ја завршам оваа задача. Наредна задача беше да се истражи xgboost библиотеката и да се истренира модел. Работевме и на истражување на начини за визуализација на податоци. За прв пат се запознав со Data Version Control (DVC) алатката, разгледав еден Docker курс, разгледав како работи mlflow.

За крај од овој месец имавме за задача да разгледаме модели за предвидување на временски серии, па согласно на тоа разгледувавме трудови кои ја обработуваа оваа тематика и се запознавме со моделите кои можат се искористат. Целта на овие задачи беше да не подготви за работа на практикантскиот проект, со која ќе започнеме во наредниот период.

За крај, би сакала да истакнам дека најголем впечаток во изминатиот период ми остави позитивната енергија која ја има iborn – колегите се секогаш достапни за да дадат совет, да споделат искуство, а и за добар разговор. Тоа беа впечатоците од првиот месец, со нетрпение чекам да се соочам со предизвиците кои ги носи вториот месец!