Дневникот на Анастасија Богдановска

Здраво на сите!

Јас сум Анастасија Богдановска, но сите ме викаат Стаси. Мило ми е :). Јас сум студент на ФИНКИ на смер SEIS и мојата авантура во Иборн започна во jуни 2022.

Како студент во последна година на студии, се решив да го скршам мразот на кариерно поле со QA automation testing пракса со цел да го проширам моето досегашно знаење од факултет.

Секогаш ме интересирало изучувањето на циклусите на развој на софтвер, а посебно процесот на валидација и верификација, па така и се решив да се насочам кон QA тестирање.

Мојот ibornship започна со запознавање на Redmine и Git. По првата недела го добив мојот прв SBE Аssignment каде што имав обврска да составам acceptance criteria и test cases каде што се сретнав со data tables при користење на Cucumber и Gherkin.

Во текот на овој месец слушав неколку воведни и напредни курсеви по SQL кои ми помогнаа да го усовршам моето досегашно познавање со бази на податоци. Следно, за прв пат се сретнав со Cypress, кој до сега ми е најитересниот дел од праксата и со помош на курсот кој го слушав имав прилика да научам многу и практично да вежбам со цел да се запознаам повеќето функционалности кои ги нуди.

Сето ова искуство ќе ми користи за да можам да го применам моето знаење во реален проект.

Пријатната работна атмосфера која владее во Иборн навистина прави да се чувствувам добредојдено и колегите со кои што сум опкружена ми даваат дополнителна мотивација за да ги надминам сите предизвици и да ги надминам сопствените очекувања!