Дневникот на Стефан Крсмановиќ 

Април, 2022

Здраво на сите!

Јас сум Стефан Крсмановиќ и како завршен дел од моето студирање на ФИНКИ аплицирав за пракса во iborn на позиција Java Intern. Почетокот на практичното усовршување како продолжение на теоретската настава на факултетот претставуваше можност да ги надополнам знаењната со слушање курсеви за Spring Boot и Angular. Дополнително, се запознав со Redmine и Tortoise Git.

Прв ден во фирмата. Како и секогаш – нов почеток, запознавање нови луѓе, можност да работам во фирма каде владее позитивна атмосфера и целосна подршка кон помладите колеги. Сакам да изразам благодарност до мојот ментор Игор кој ми помогна да ги надминам првите потешкотии и предизвици и успешно да го започнам моето прилагодување кон условите на работа во iborn.

Посебно ме радува што се дружиме и надвор од професионалните обврски играјќи кошарка и фудбал – активности неопходни за одржување на добар физички и ментален баланс кој е неопходен за успешно извршување на секојдневните задачи.

Мај, 2022

На почетокот на вториот месец завршив со слушањето курсеви и започнав со изработка на првиот проект. Проектот се вика Learning Platform и ќе се користи за поставување на курсеви, YAKSS (Yet Another Knowledge Sharing Session) презентации, тренинзи и настани коишто ќе ги користат практикантите и вработените во IBORN.

Изминатите два месеци откако започнав со пракса во IBORN беа исполнети со многу предизвици. По завршувањето на вториот месец согледав дека некои потешкотии кои на почетокот ми изгледаа големи и нерешливи сега не ми претставуваат проблем.

Јуни, 2022

Овој месец завршува мојата пракса и мило ми е што ја продолжив мојата кариера во Иборн како вработен и дел од тимот. Во последниот месец од праксата успеав да го завршам започнатиот проект „Learning Platform“ и со задоволство можам да кажам дека за време на тие три месеци научив многу нови работи и стекнав нови знаења и вештини. Сега сум спремен за нови проекти и предизвици.