Здраво на сите!
Последниот месец од мојата пракса во iborn ми донесе можност да ги имплементирам моите теоретски знаења низ практична работа. Ми беше дадена можност да работам на реален проект – систем за нарачки за посебните моменти во iborn. Имав шанса да изградам една веб апликација од почеток до крај со Java (Spring Boot), MySQL и Angular. Иако беше навистина голем предизвик, ми помогна да бидам подготвена за сите понатамошни чекори.
Пред неколку недели го започнав мојот onboarding процес за вработување и сум пресреќна за тоа. Мојот прв работен ден го поминав во канцеларија во живо, и навистина се чувствуваше прекрасната работна атмосфера при работа со луѓето од iborn. Најубавото нешто е што не сте сами во процесот – секогаш се тука менторот и други луѓе да ви помогнат.
Се надевам дека на сите кои ќе го прочитаат ова моето искуство ќе придонесе за и вие да си ја најдете вашата авантура во iborn! ❤
