Дневникот на Мила Куч 

Вториот месец во IBORN го означуваше крајот на едно мини-поглавје во моето патешествие низ практиканството! 

Во тек на јануари го финализирав надградувањето на моето теоретско знаење за front-end апликации преку изучување на курсот за Angular на Udemy. Како личност што до сега имала минимално искуство со Angular, можам со сигурност да кажам дека овој курс ми помогна да ги совладам основните концепти на Angular.

Научив повеќе за градењето на компоненти и како функционираат меѓусебно, директиви, сервиси, рутирање, форми, автентикација и комуникација преку HTTP барања, но и генералниот начин на размислување кој треба да се применува со оваа технологија.

Со нетрпение чекам да започнам на работа на реалниот проект кој следува во наредниот месец! За повеќе updates, се читаме тогаш.