Здраво на сите повторно од Дарко!
Имам толку многу работи што сакам да ви ги кажам за вториот месец од праксата, што навистина ќе е предизвик да ги склопам сите во овој дневник! Вториот месец во IBORN беше ПОЛН со авантури, предизвици, работа, заедно со супер состаноци и забавни кафе паузи и дружби со останатите ајборнци.
Во овој дел од праксата, јас работев на изработка на веб апликација која ќе помогне со менаџирање на клиентите и проектите со кои соработува компанијата. Апликацијата ја градев со помош на технологиите Angular, .NET и SSMS. Најголем дел од работите и вештините кои ги научив за време на првиот месец на праксата, имав можност практично да ги применам и усовршам со овој проект, но и со помош на одличното менторство и одлично структурираната практикантска програма во IBORN!
Пред еден месец, кога го пишував дневникот за прв пат, ја споменав и прекрасната атмосфера која владее во IBORN, заедно со колегијалноста која ја имаат сите ајборнци, па со оваа објава можам да потврдам и да кажам дека таа прекрасна атмосфера и колегијалност е дефинитивно постојан дел од работењето тука.
На крајот на оваа етапа од праксата, ја имав честа да го презентирам новиот проект на YAKSS – Yet Another Knowledge Sharing Session, пред моите колеги.
За крај, морам да споделам една одлична вест, за која што сум превозбуден! Со завршувањето на оваа етапа всушност завршува и мојата пракса тука, за да премине во целосен работен однос кој верувам дека ќе носи свои предизвици, голем број на лекции и авантури!
Ви посакувам среќа на сите практиканти кои го читате ова, и се надевам дека и вие ќе го имате прекрасното искуство кое и јас го имав со праксата во IBORN.
