Дневникот на Мила Куч 

Секоја авантура си има свој почеток, а секој почеток е и приказна која вреди да се раскаже!

Моето име е Мила Куч и сум студент на ФИНКИ, насока компјутерски науки и инженерство. Моето патешествие во iborn го започнав минатиот месец како практикант со технологиите Spring Boot и Angular. А како изгледаше сето тоа?

Топло добредојде од страна на колегите, запознавање со интересните “традиции” во iborn – слушање на многу интересни YAKSS презентации и неделни состаноци, и чувствo како да сум дел од iborn уште од првиот ден – тоа е само дел од атмосферата која е тешко да се долови со зборови. Во текот на првата недела се запознав малку повеќе со системот за проектен менаџмент – Redmine, а потоа ги изучував курсевите за SQL и Spring Boot. Иако имав основно предзнаење од овие технологии, курсевите ми помогнаа да го зацврстам моето знаење и да изградам една солидна основа за понатамошната работа. Мило ми е што Магдалена, мојот ментор, е секогаш тука да го одговори секое мое прашање и да ме насочи. Дополнително во текот на изминатиот месец, се потсетив и научив повеќе за технологии како Git, TortoiseGit, Bitbucket, како и концепти како SBE и User Stories.

Особен впечаток ми остави начинот на работа и духот кој преовладува помеѓу луѓето – навистина е удобна атмосфера која истовремено те поттикнува на нови предизвици. Mи се допаѓа сѐ засега, и се надевам дека ќе имам многу нови достигнувања и можности за развој во iborn во иднина.

Се читаме на следниот update!