Здраво на сите!
Јас сум Дарко Ѓаковски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско Инженерство при УКИМ, Скопје, насока софтверско инженерство и информациски системи. Моментално сум во четврта година студии, и ја имам честа да сум еден од практикатите во iborn и да го збогатам моето знаење со помош на менторката и колегите ајборнци. Во овој текст сакам да ви го раскажам моето иксуство од првиот месец пракса поминат тука.
Почетоците на праксата ги започнав со запознавање со Redmine и Git branching моделот кој се користи во iborn, две алатки кои се основни при работа, и од огромно значење за секој ајборнец, а и можеби за секој програмер. Понатаму, продолжив со зацврстување на моето знаење во областа на Бази на Податоци, Entity Framework, .Net и .Net Core технологиите. Завршниот дел од првиот месец пракса беше посветен на запознавање и примена на Angular за креирање на целосно функционални, modern day front-end веб апликации, една од најпознатите технологии кои се користат денеска.
Во само еден месец, праксата во iborn успеа да ми овозможи да совладам голем број на корисни технологии, а верувам дека во наредниот период тоа уште повеќе ќе е случајот, со примената на стекнатите знаења на вистински проект.
Покрај сите овие технички знаења стекнати во првиот месец од праксата, имаше голем број на дружби, предновогодишна атмосфера полна со изненадувања, и прекрасна атмосфера на работа со кафе дружби, заедно со споделување на знаења од различни области помеѓу колегите!
Исто така морам да ги пофалам сите колеги за нивната достапност во секое време да помогнат, како и да дадат сѐ од себе за секој од новите колеги да се чувствува добредојдено, и како еднакво значаен дел од тимот на iborn! За крај еден многу важен дел од целото практикантско искуство, кој морам да го споменам, е менторката, тука за било каква насока во било кое време, браво!
Толку од мене засега! Имајте среќни и убави празници 🙂
