Здраво на сите од Ангела!
Најпродуктивниот месец од мојата Ibornship програма беше токму третиот.
Овој месец беше исполнет со предизвици кои ги носеше со себе индивидуална задача. Станува збор за апликација за менаџирање на спортски активности на отворено за сите спортисти во IBORN. Апликацијата овозможува креирање активности од различен тип, вклучувајќи возење велосипед, планинарски тури, рекреативно/маратонско трчање и многу други. Покрај CRUD операциите, апликацијата вклучува интеграција со канал за временска прогноза, можност за додавање слики во фото галерија за секоја активност, како и потврда за учество во активноста. Секако, оваа апликација е изградена со помош на технологиите кои ги изучував досега: Angular, Spring Boot, MySQL.
Во оваа последна недела од мојот Ibornship би сакала да се заблагодарам на сите ajборнци кои беа дел од дружбите и состаноците ❤
Беше навистина продуктивно и интересно искуство! Научив многу нови работи – технологии кои ќе бидат применети во моите секојдневни таскови, и запознав многу позитивни лица – идни колеги со кои ќе ги поминувам работните денови. 🙂
