Дневникот на Виолета Карагунова

Здраво на сите,

Виолета тука, повторно да го споделам моето искуство после поминати три месеци во ИБОРН. За време на третиот месец од праксата имав прилика да работам на првиот продуктот на ИБОРН. Целиот процес од подесување до работење на самиот проект, беше исполнет со многу новости за мене. Научив многу нови работи и се надоградив на многу полиња. Се соочив и со неколку проблеми, од кои научив многу. Освен работата на тој проект, продолжив и да работам на мојот проект, кој го започнав претходниот месец.

Овие три месеци ми поминаа исполнети со работа и предизвици, но најважно од се, опкружена со постојано насмеани лица кои се секогаш спремни да помогнат.

Тоа е се од мене, се читаме во наредна прилика!