Здраво на сите!
Повторно јас, Александар после третиот месец од праксата. Последниот месец од праксата продолжив со работа на апликацијата, каде што успеав да направам голем напредок. Целиот месец ми беше исполнет со предизвици и проблеми кои успешно ги надминав, благодарение на одличните насоки на мојот ментор Јоле.
Огромна чест и задоволство ми е да соопштам дека мојата приказна во ИБОРН не завршува тука, така што од следната недела започнувам со работа. Кога ќе погледнам наназад на овие 3 месеци доволно е само да кажам дека праксата во ИБОРН е неверојатно искуство. Успеав да научам многу, а некои од работите што веќе ги знаев ги усовршив. Не можам а да не го спомнам и мојот ментор Јоле, кој ми беше поддршка изминативе 3 месеци и беше достапен во секој момент кога ми беше потребна помош.
Сега со вработувањето следат нови поголеми и покомплексни предизвици, но тоа само ми дава поголема мотивација! До сите нови практиканти што го читаат ова: you will make it!
