Здраво на сите од уште еден Ајборнец!
Два-три збора за мене.. Јас сум Ангела Поповска и сум претпоследна година сум на факултетот за Компјутерски Науки во Манчестер, и сум неизмерно среќна што ова лето имам шанса да го поминам како Јава Практикант во ИБОРН. Им благодарам на сите Ајборнци и особено на мојот ментор што го направија мојот прв месец успешен и исполнет.
Па што го направи овој месец посебен? Ќе започнам со топлото добредојде од сите колеги, како и заедничките дружби. Неделна кафе пауза во среда, ретроспективен состанок во петок, правење коктели, дружба во парк и спортски активности овозможија да запознаам многу позитивни лица кои зрачат со ентузијазам и желба за растење и учење.
А сега за техничката страна.. Ова е моето прво практикантско искуство, и веќе можам да кажам дека секој нов ден носи нови предизвици и уживање во работата.
Во почетните денови се запознав со алатките Redmine, за управување со проекти и за следење на таскови, Bitbucket, за хостирање и тимска работа базирана на Git, како и Git Branching Model-от кој го користи компанијата. Понатаму следеа User Stories, кои се пишуваат во рамките на агилно управување со проект според критериумите содржани во акронимот INVEST на Bill Wake и SBE со помош на Gherkin синтаксата, користејќи тест-сценарија со Behavior-driven development (BDD) methodology.
По препорака на менторот Злате започнав да следам курс за Spring Boot преку кој ги обновив досегашните знаења, но и исклучително ги надоградив со нови концепти како Reactive Programming и WebFlux. Она што особено ми се допадна за овој курс е тоа што опфати широк спектар на технологии и frameworks, вклучувајќи Mockito, Lombok, Docker, MySQL, H2, MongoDB, JUnit, CicleCI… Во наредните денови следува уште еден предизвик за изучување на Angular, проследен со практична примена на знаењата.
Овој месец беше вистинска мотивација и надоградување!
Ќе продолжам наредниот месец – да ви раскажам подетално како е да учиш од најдобрите и да те инспирираат најкреативните.
