Дневникот на Горјан Спасев

Здраво, здраво!

Повторно јас – Горјан, со неколку информации околу мојот трет месец поминат во IBORN како практикант. Месецов ми помина повеќе во research околу проект на кој што сум приклучен неодамна, како предизвик ја земам комплицираноста и обемот на овој task. Уживам во работниот процес и секојдневно се надоградувам се повеќе. Исто така продолжив да работам на дизајн системот – дигитален документ и алатка која ќе ни помогне да ги завршуваме полесно проектите во иднина. На страна од сето тоа изработувам мали таскови на страна, назначени од мојот ментор – со цел да учам нови и поопширни работи и да се надградувам,а со тоа да покажам одговорност и сметање на мене во иднина за поголеми проекти.

Месецов ми помина во константна работа и учење, a тоа дополнително ме мотивира за наредните таскови и предизвици во IBORN.