Дневникот на Александар Николов

Здраво на сите!

Повторно јас, Аленсандар после вториот месец од праксата. Последниов месец работев на мојот индивидуален проект каде што се соочив со многу предизвици кои што успешно ги надминав, а сето тоа на крај се исплатеше бидејќи научив многу. Секако многу е поразлично да се следи курс отколку да се применува стекнатото знаење на апликација кој сам ја развивам.

Верувам дека апликацијата што ја развивам ќе им се допадне на сите колеги! Постојано сум во комуникација со Јоле кој ми помага во целиот процес на развој на апликацијата. Овој месец имав прилика да присуствувам на неделното iborn радио, каде што имав многу пријатен разговор со Ангела, Љупчо и Оливера.

Продолжувам и понатаму со развојот на апликацијата, а се надевам дека за брзо време ќе ја завршам и ќе почнам да работам на еден од проектите на IBORN.

Се гледам со нов апдејт следниот месец!