Дневникот на Виолета Карагунова

Здраво на сите, пак јас, Виолета!

Накратко да ви раскажам за мојот втор месец како практикант во IBORN. Последниот период беше исполнет со многу предизвици. Месецов започнав да работам на мој проект, кој се надевам дека ќе ви се допадне! На овој проект искористив многу од знаењата кои ги стекнав претходниот месец од курсевите, но научив и доста нови работи. Со помош на Алекс и Емче сите предизвици беа успешно поминати. Пресреќна сум што имам можност да направам нешто е свое, кое ќе ви го презентирам во блиска иднина!

По завршувањето на овој проект, се надевам дека ќе започнам да работам на еден од проектите на IBRON, каде ќе можам да го покажам стекнатото знаење. Толку и за овој месец, се читаме следниот!