Здраво на сите!
Повторно јас Горјан Спасев, a во оваа статија ќе прочитате повеќе околу мојот втор месец како практикант во IBORN. Моментално сум студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, но дизајнот секогаш ми играше голема улога во мојот прогрес на професионален план, па така како што спомнав во претходниот текст запишав и академија за UX/UI која го промени мојот поглед и ме однесе на добар пат. Ова го споделувам со вас бидејќи овој месец собирав податоци и елементи за дизајн системот токму од академијата која што ја завршувам месецов. Со таа цел нашиот UX тим да создаде што подобар iborn kit кој ќе ја олесни и упрости работата во иднина. Исто така, правев промени и го усовршував Create me & Transform me,по забелешки и совети од Сара и Игор кои го водат овој проект.
За сега толку имам да одвојам, а во блиска иднина планот е да се приклучам на еден од долгогодишните проекти, во кој што ќе дадам се од себе да бидам корисен и да допринесам најмногу што можам. Драго ми е што сум дел од IBORN, и едвај ги чекам новите проекти и предизвици.
