Здраво на сите,
Јас сум Виолета Карагунова, и накратко да ви го кажам моето досегашно искуство во IBORN. Студент сум на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, насока компјутерски науки и инженерство. Со пракса овде започнав пред еден месец, без никакво претходно искуство, но со голема желба за учење и надоградување.
Во текот на овој месец најпрво се запознав со алатките Redmine, Bitbucket, TurtoisGit. Потоа започнав со технички курсеви за SQL, .NET и Angular. Од овие курсеви, и со помош на мојата менторка Алекс се стекнав со многу нови знаења.
Покрај се ова, нешто што ми остави голем впечаток е дружбата помеѓу колегите. И покрај ситуацијата, иако сите работиме од дома, се користи секоја можност за дружба и запознавање.
Ова е се за сега, следен Update за еден месец.
