Здраво на сите!
Јас сум Александар Николов, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, насока компјутерски науки и инженерство, а последниов месец и практикант во IBORN. Како студент во последната година на студии, решив да започнам со мојот професионален развој како java developer, а IBORN се покажа како идеалното место за тоа.
Ова ми е прво практикантско искуство, но со помош на мојот ментор Јоле лесно се навикнав во новата околина. За жал поради ситуацијата во која се наоѓаме сите работиме од дома, нешто што се надевам дека набргу ќе се промени.
Во текот на изминатиов месец се запознав со Redmine – project management и issue tracking tool кој се користи во рамки на IBORN, Git, TortoiseGit, Bitbucket, а исто така научив како се пишува SBE со помош на Gherkin синтаксата. По изучување на сите овие алатки и технологии, го започнав курсот за Spring framework-от, кој при крајот на првиот месец од праксата го завршив, и започнав со курсот за Angular. Секој ден го продлабочувам моето знаење околу целиот процес на развој на софтвер.
Нешто што ми остави најголем впечаток досега е пријателскиот дух и пријатната атмосфера која преовладува во компанијата.
Толку од мене засега, нов апдејт следува за еден месец!
