Здраво, Ивана пак 😊
За време на третиот месец од мојата пракса добив шанса да работам на проектот Травиа. Дури и за време на поставувањето на проектот локално на мојот компјутер имав прилика да научам нови работи. Бидејќи станува збор за микросервисна архитектура, добив идеја како повеќе системи комуницираат и се поврзани еден со друг. Во изминатиот период исто така се запознав и со бизнис логиката на проектот и неговите главни функционалности.
Освен тоа, навистина сум благодарна на тоа што имам прилика да прочитам код од многу поискусни колеги од мене и со тоа да учам многу корисни работи кои веќе почнувам да ги применувам. Пред да започнам со работа околу моите задачи на проектот, ислушав нов курс за менаџирање со состојбата во Angular со помош на ngRx. Покрај овој курс исто така изминатиот период некое време посветив и на дебагирање, со што подоцна, при извршување на задачите не би имала голем проблем при наоѓање на грешки и недоследности.
Конечно, на крајот од месецот бев подготвена да започнам со мојот прв таск. Нема да лажам, и ќе бидам искрена – на почетокот се чувствував overwhelmed од непознатото и малку исплашено, но веднаш кога почнав со работа чувствував само поголема мотивација за да го завршам таскот што подобро и да ја оправдам довербата која што ми беше дадена.
Овој месец беше исполнет со многу учење, работа и нови одговорности, но и месец во кој дефинитивно си потврдив дека навистина ова е тоа што сакам да продолжам да го усовршувам и работам 😊
