Дневникот на Ивана Поповска 

Еден месец подоцна и повторно здраво од мене – Ивана.

Како што спомнав во минатиот пост, изминатиов месец постојано работев на мојот индивидуален проект – веб апликација за споделување и препорачување содржини.  Овој пат пократок пост, што не значи дека изминатиот период беше полесен или со помалку обврски. Напротив, секојдневно учам нови работи кои се трудам најдобро што можам да ги искористам и имплементирам во овој проект. Од огромно значење за мене би ги издвоила двата one-one состаноци кои ги имав овој месец со мојот ментор Злате. На овие состаноци имам прилика да го презентирам сработеното до тој момент и да добијам забелешки за тоа. Забелешките кои ги добивам се за мене од голема важност бидејќи на тој начин учам, се подобрувам и направените грешки се трудам да не ги повторам нареден пат.

Што се однесува до работата на апликацијата, продолжувам и понатаму наредниот месец, но исто така се надевам и дека за многу скоро би била готова.