Дневникот на Ивана Поповска 

Здраво на сите,

Јас сум Ивана Поповска и земајќи предвид дека ја пишувам оваа објава само неколку дена пред новата година, верувам дека со мене и официјално завршува Ibornship 2020. Веќе кога спомнав дека е крај на годината, како и при крајот на секоја, верувам сите се правиме некој осврт за тоа кои се добрите работи што ни се случиле. Добивањето можност да бидам дел од практикантската програма на Iborn е дефинитивно една од моите подобри.

Во текот на првите недели следев два курса, едниот наменет за запознавање со SpringBoot како backend технологија, а другиот за Angular како frontend. Иако имав основно предзнаење за развој на веб апликации во Spring , со курсот си повторив некои концепти, но и научив доста интересни и нови работи кои веќе почнав да ги применувам. Од друга страна, Angular беше сосема нов framework за мене, нo бидејќи до некаде бев запознаена и со фронтенд програмирањето немав потешкотии при следењето на самиот курс и изучувањето на неговиот материјал.

По завршувањето на двата курса, знаењата кои ги добив ги искористив за изработка на мала тест апликација. Преку неа мојот ментор Злате, имаше можност да види како напредувам и на што треба да работиме повеќе во претстоиниот период. Веднаш потоа ја добив мојата следна задача што претставува изработка на портал преку којшто може сите Ајборнци да си препорачуваат интересни содржини едни на други.

За крај би издвоила дека иако праксата се одвива од дома, не се соочувам со никакви потешкотии бидејќи имам редовна комуникација со мојот ментор и негова поддршка every step of the way. Верувам дека ме очекуваат предизвици, но спремна сум за соочување со истите и учење на многу многу многу нови корисни работи.

За тоа како напредува развојот на порталот и моите практикантски активности се читаме наредниот месец, а дотогаш имајте среќни празници!😊