Здраво, јас сум Димитар Чуковски, после два месеци во IBORN.
Како што би очекувале, првиот месец беше исполнет со курсеви каде го повторив и надградив своето знаење во областа на ASP.NET, EF, SQL и МVC. Покрај техничките курсеви се стекнав со нови познавања во областа на Agile и Scrum како принцип за поставување со нови предизвици и координација на тимот.
Вториот месец од мојата пракса беше исполнет со користење на веќе стекнатите искуства и знаења од претходниот месец. За таа цел почнав да работам на тест апликација која ги употребува сите технички курсеви дадени од страна на менторот и iborn. По завршувањето на тест апликацијата, со менторот беше решено да се направи надградба на iborn.net со нов Alexandria проект. Мојата нова задача стана да ја направам виртуелната библиотека на iborn.
Покрај целото ново искуство и стекнато знаење добив и мал пристап до убавата и зборена тимска работа и дружба помеѓу колегите. Употребив “мал” бидејќи трудот кој го забележав од другите да останат во контакт преку радиото, кафе паузите во среда и самата ретроспектива во петок изгледаат на капка во морето кога би споредил со тоа што може да биде во нормални услови и сите под еден кров на iborn. Им благодарам на колегите и посебно на менторот за досега убаво поминатите месеци.
