Здраво,
Јас сум Емилија Панчева, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Како студент во последна година решив да се посветам на професионален развој и така се одлучив да го проширам знаењето и да побарам пракса во областа на QA тестирањето. Па така пред неколку месеци се приклучив како практикантка во QA тимот на Iborn. Оваа шанса за мене беше голем предизвик, но и огромно искуство бидејќи изучив многу нови технологии и процеси.
Благодарение на моменталните околности и поддршката на мојот ментор и целиот тим, на кој што сум им многу благодарна,успеав да се прилагодам на функционирањето во team remotely. Сметам дека тоа е голема предност за мене за понатамошната соработка со клиентите и општо со тимот.
На почетокот на првиот месец од праксата се запознав со Git и Redmine. Исто така се сретнав со Cucumber и Gherkin синтаксата која ја искористив за пишување на SBE, пристап кој е доста користен во Iborn. Ја изучив и Scrum методологијата која е една од најпопуларните агилни методологии и со која ќе се среќавам и ќе ја применувам понатаму. Во текот на првиот месец изгледав туторијал за програмскиот јазик C#, за SQL и алатката за автоматско тестирање на веб апликации Selenium. Имав задачи за Selenium во кои требаше да искористам XPaths локатори и POM за да можам да напишам и извршам потребни тестови. Кон крајот на првиот месец се запознав и истражував повеќе како се користи BDD framework во тестирањето. Секоја научена работа допринесе да ги надградам своите способности за да можам ги искористам во реален проект.
Вториот месец од праксата ми помина насочувајќи се на алатките за автоматско тестирање. Најпрво ја изучив алатката JMeter која се користи за load и performance тестирање. Научив како со помош на неа да истестирам веб апликации и да изгенерирам извештаи, прикажувајќи ги резултатите од тестирањето. Освен JMeter се запознав и со Postman, најкористената алатка за API тестирање. Наученото од овие алатки го применив во задачите кои ми беа зададени. Започнав да го користам и SpecFlow, framework за тестирање кој ја поддржува BDD практиката во .NET, за пишување автоматски тестови. Овие алатки ми помогнаа да навлезам во делот на автоматското тестирање на кое би сакала понатаму повеќе да се посветам.
После скоро 3 месеци истражување, следење туторијали,изучување на алатки и блиска соработка, координација и евалуација со мојот ментор, ја добив приликата што беше голем личен успех за мене досега на моето професионално поле, односно добив шанса да работам на реален проект и добив понуда за вработување. Со тоа официјално станав дел од Iborn тимот.
Потенцијалот што тимот на Iborn го виде во мене и шансата која ја добив се мојот мотив за да продолжам да работам напорно на учење, истражување и професионален развој.Вработувањето претставува голем предизвик и со себе носи низа предизвици и одговорности, но спремна сум да се соочам со истите.
Како што кажав оваа пракса беше доста важна за мене не само на професионален план туку ми помогна и во усовршувањето на моите комуникациски вештини, запознавањето со нови луѓе и функционирањето во тим.
